Македонија
 

Храна за умот – Колку исхраната влијае врз развојот на децата

Лошата исхрана често асоцира на лош социо-економски статус, но сепак многу деца во развиените земји се потхранети. Проблемот е слабата исхрана – диети базирани на брзи храни што имаат многу шеќер, сол и лоши масти. На децата им е потребна богато хранлива исхрана за да имаат оптимален развој на мозочните функции.

Истражување од 2011 година откри дека малите деца кои имале богато хранлива исхрана полна со овошје и зеленчук имале повисоки коефициенти на интелигенција за разлика од малите деца кои консумирале процесирана храна полна со масти и шеќер. Храната имала драматичен долгорочен ефект на мозочните функции кај малите деца.

Исхраната има многу голема улога во развојот на мозокот од раѓање до адолесценција. Иако мозкот расте и се развива побрзо во раните години од животот, тој продолжува да се развива и во текот на адолесценцијата. Поради тоа, исхраната полна со богато хранливи состојки е многу важна за да се обезбеди соодветен развој на мозокот.

Почнете пред Раѓање

Мајките кои се грижат за својата исхрана, тело и благосостојба за време на бременоста веќе им овозможуваат на своите неродени деца почетен старт во животот. Мајките кои дојат и имаат правилна исхрана ги пренесуваат хранливите состојки на своите деца, подобрувајќи го когнитивниот развој и целосното здравје на децата. Всушност, децата кои се природно доени најмалку 6 месеци имаат повисок коефициент на интелигенција за разлика од децата кои израснале на формула исхрана. Штом се воведе цврста храна, поголемата консумација на овошје и зеленчук е поврзана со поголемиот коефициент на интелигенција и подобри способности за меморија кога децата достигнуваат 4 годишна возраст. Кај децата кои одат во училиште, недостатоците на витамин и минерали, како и зголемен холестерол се поврзани со намалување на интелигенцијата и лоши академски достигнувања.


Можеби ќе ве интересира:


 

Што треба вашето дете да јаде?

  • Фокусирајте се на овошје и зеленчук. Стремете се да им обезбедите на децата 5-9 порции овошје и зеленчук секој ден. Пополнете ја половина порција за вечера на вашето дете со зеленчук и искористете го овошјето како ужинка наместо слатки и колачи. Исхраната на вашето дете треба да биде виножито од природни бои. Колку повеќе бои на храна вашата исхрана вклучува, толку подобро, бидејќи секоја боја на храна нуди широк спектар на витамини, минерали и фитонутрити.
  • Јадете храна богата со антиоксиданси. Антиоксидансите спречуваат или го успоруваат оштетувањето на клетките. Исхраната богата со хранливи состојки нуди суплементарна антиоксиданс поддршка за мозокот. Заради тоа што мозокот троши најмногу кислород и создава најмногу енергија од било кој друг дел од телото, многу е чувствителен на оксидативен стрес. Како таков, здрава, богата со антиоксиданси исхрана е особено корисна за мозокот со што се поврзува со консумацијата на овошје и зеленчук и повисоки коефициенти на интелигенција.
  • Не сите масти се лоши. Омега-3 масните киселини се здрави масти кои се наоѓаат во повеќе јаткасти плодови, семиња и зеленчук. Тие се многу важни за здрава когнитивна и мемориска функција како и за однесувањето. Омега-3 е исто така есенцијално.
  • Кажете не на шеќерот. Јадењето поголемо количество рафиниран шеќер може да доведе до отпорност на инсулин, што може да резултира со оштетување мозочни клетки, па дури и дијабетис тип 2. Ова се појавува бидејќи на мозокот му се потребни големи количини глукоза за да функционира и станува лишен од хранливи состојки ако телото не може да го обработи инсулинот. Јадењето покомплексни јагленхидрати како црни зрна, зеленчук, мешунки и овошје можат да помогнат да се балансира нивото на шеќер во крвта за поздрав развој и функционирање на мозокот.

Добрата исхрана ја поставува основата за учење

На децата им се потребни сите носечки столбови на добра исхрана: протеини, јагленхидрати и масти. Помагањето децата да направат поздрави избори за храна е многу важен дел од нивното образование и благосостојба. Едноставните јагленхидрати и рaфинирана храна може да предизвика покачување на нивото на шеќер и недостаток на фокус и концентрација. Здравата храна го снабдува мозокот со потребните состојки, овозможувајќи им на децата да бидат повнимателни и да уживаат во учењето.


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.
 
:)